Миланов: Апсењата на Јанкиевски и Божиновски испратија порака за заплашување кон другите

Без ниту еден аргумент, Обвинтелството определи мерка притвор за екс министерот за транспорт Миле Јанакиевскии и поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски во случајот „Титаник“. Експресното приведување без да биде известена одбраната, испраќа порака на заплашување , вели нивниот адвокат Еленко Миланов во „Отворено“ на Алфа.

Не постоеше ниту еден момент со кој би се потврдило дека од сите други мерки кои се определени истите не биле почитувани од Јанакиевски и Божиновски. Миланов вели, со мерките за претпазливост кои им беа определени, одземање на патната исправа и редовно јавување на закажаните рочишта, нивното присуство беше обезбедено во последните 16 месеци без ниту едно отсуство. Јанакиевски, вели неговиот адвокат, секојдневно е во судовите на различни судења.

– Не можеше да се оди со мерка притвор директно, туку да се побара измена на мерката за претпазливост, но за тоа да се направи требаше документ со кој ќе се докаже дека Јанакиевски и Божиновски не ги почитувале постоечките мерки. Доколку СЈО располагаше со податоци и факти за промена на таа мерка во построга, тоа можеше да го направи на самото рочиште, вели адвокатот на обинетите.

Екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, заедно со поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски беа експресно притворени по неполни 24 часа, откако, поранешниот премиер Никола Груевски информираше дека ја напуштил државата и се наоѓа во Будимпешта. Јанакиески и Божиноски беа однесени во Шутка и покрај мерките за претпазливост кои им беа одредени од судот, а по барање на СЈО. За нивното апсење не беа информирани ниту судии кои им судат, ниту нивните адвокати.

– Апсурдно е што во решенијата кои ги достави СЈО дословно се идентични причините за двајцата. Станува збор за две индивидуи кои имаат и разни правни квалификации, дециден е Миланов.