Михаил па Tеодора се првите бебиња родени по полноќ

Малиот јунак Михаил роден само една минута после полноќ на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје е првото бебе родено во новата 2022 година. Момчето тешко три килограми и 70 грама, а долг 50 сантиметри е петта радост во семејството Стошиќ. Мама Сузана од Скопје е во добра состојба и се очекува набрзо да заминат дома заедно со најубавиот подарок за Нова Година.

А на ГАК само минута подоцна се слушнал уште еден бебешки плач. Родена е малата Теодора , прва радоста за мама Симона. Родена е со 3 килограми и 50 грама, а долго 50 сантиметри.

Утрово и во Ковид центарот е родено бебенце затоа што мајката е позитивна на ковид-19. Станува збор за машко бебе кое тежело 2 килограми и 440 грама, а се родило околу 5 часот.

Според народните верувања годинава која е пред нас ќе биде среќна и бериќетна, бидејќи првото родено дете е момче.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста