Мицкоски ќе седне на маса со Kовачевски, но само ако темата е предвремени парламентарни избори

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски прифаќа да седне на маса со мандатарот Димитар Ковачевски ама под услов единствена тема на разговор бидат предвремени парламентарни избори. Официјална покана до опозицијата за средба се уште нема, за ваквите предлози велат дека слушнале од медиумите.

-Таква покана сè уште не стигнала до ВМРО-ДПМНЕ, но доколку стигне ќе биде прифатена под услов на средбата Ковачевски – Мицкоски да се разговара за предвремени избори како единствено логично решение за излез од сегашната длабока криза во која што се наоѓа државата, да се разговара за содржината на одговорите кои Македонија ги има дадено до официјална Софија на нивно барање по формулата 5+1 за кои што ниту јавноста, ниту Собранието, за жал, не се запознаени и тоа е дел од невладината нетранспарентност, вели Милошоски.

Ковачевски кој потврди дека по неговиот избор и по изборот на Мицкоски за лидери на двете најголеми партии се слушнале телефонски сега најави дека ќе седнат на маса и сите да дадат придонес кон најдобро и најбрзо решавање на проблемите.

Новиот мандатар Ковачевски се обрза во следните две години неговиот фокус да биде економијата. Просечна плата од 550 евра, легална размена на биткоини, заштита на животната средина, стабилен здравствен систем, легализација на марихуаната се само дел од работите што ги предвидува владината програма на новиот мандатар Димитар Ковачевски, напишана на дури 55 страници, а која треба в сабота да биде изгласана во Собранието.

Условувањата кои ги поставија од Алтернатива при влегување во влада а на кои се согласи Заев, Ковчевски експресно ги преточи и во својата програма. Ковачевски ќе се обрати до Европската комисија со барање да се обезбеди тим од независни експерти кои ќе извршат меѓународен мониторинг на процеси за кои постојат сомневања дека врз нив било извршено политичко влијание, како што се: ’Монструм‘, ’Алфа‘, ’Диво Насеље‘, ’Малиот Алмир‘.

А новиот владин состав и програма под палката на Димитар Ковачевски веќе во сабота ќе се најде на дебата пред пратениците. Седницата за гласање веќе закажана, а согласно собранискиот деловник расправата трае два дена и треба да заврши во недела на полноќ.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста