Мицкоски:ВМРО-ДПМНЕ ќе го признае само резидентното население; Заев :Важно е само да се попишеме

Дијаспората не се попишува туку се евидентира, тие бројки не влегуваат во процентот на население во Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски посочи дека резидентно население и дијаспора се два различни поими.  Доколку оние кои живеат во земјава и оние кои се иселиле во странство се пресметуваат заедно, опозицијата тоа нема да го признае.

-Таков тип на резултати ние нема да признаеме, се знае што значи според ЕУРОСТАТ и според методологијата што е прифатена попис на население и домаќинства. Ова е евиденција на дијаспора и како евиденција ќе ја третираме. Точно се знае што значи евиденција на дијаспора, точно се знае што значи попис на резидентно население. Јас тоа не го измислувам, тоа е би рекол во првите три реченици во методологијата на ЕУРОСТАТ, истакна Мицкоски.

Вели дека населението кое што е во Македонија е резидентно население и токму тоа е статистичка база, додека пак оние кои се  пријавени во друга држава се попишани таму.

„Не можеме тоа население да го попишуваме 13 пати, се знае кое население се попишува“, порача Мицкоски.

Овие изјави на Мицкоски, кои се став на партијата изминативе месеци, предизвикаа реакции кај партиите од албанскиот блок, велат дијаспората ќе се попишувала. Речиси на иста линија со нив е и премиерот Заев.

Дијаспората е нашиот народ. Денеска е надвор, утре ќе е тука. Може некој од нас утре ќе е надвор, а дијаспората ќе е тука. Тоа е нашиот народ. Ние си го попишуваме целиот наш народ без разлика дали е дома или надвор.

Арјанит Хоџа од Беса вели дека Мицкоски може да зборува што сака, но едно е сигурно дека конечниот број на попишани е бројот на сите попишани граѓани во земјава и надвор од неа.

Реагираше и Министерот за надворешни работи кој вели дека дијаспората била неразделив дел од нашето општество, коментар имаше и првиот вицепремиер Груби.

„Законот целосно го демантира. Законот е јасен и нема никаква можност за двојни интерпретации. Дијаспората е дел од нас, се брои, е дел од општата популација и точка. Сите да се регистрираат. Се останато е ситна политичка пропаганда за моментални придобивки“ вели Артан Груби.

Со коментар не изостанаа ни Алијанса на Албаниците.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста