Мицкоски за критиките од Филипче: Имам чувство како некој намерно да го мести

Мицкоски за критиките од Филипче: Имам чувство како некој намерно да го мести

Понекогаш се чудам на изјавите од опозицијата. Имам чувство како некој намерно да го мести тешко, но новоизбраниот претседател на СДСМ, бидејќи од сите Комори, стопанствениците, компаниите стигаат навистина позитивни вести, воодушевување, благодарности, само од него успеавме да слушнеме критика.

Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи го критикувањето на издавање на банкарски кредити за стопанството од страна на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

-Немам што да коментирам, можам да го посоветувам дека што побрзо расчисти кај него во советничките тимови, толку подобро ќе биде и за државата бидејќи ќе имаме конструктивна опозиција. Ваков тип на пораки, се чудни, во најмала смисла се чудни.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста