Мицкоски: За Гоце Делчев и за македонскиот народ нема преговарање

За Гоце Делчев и за македонскиот јазик нема преговарање, тоа е завршена работа, тоа е стекнато право. Гоце Делчев е дел од нашиот национален идентитет, врз основа на тој лик ние сме создале држава, ова е ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со ултиматумите поставени од Бугарија.

Според нив ваквиот начин кон приоѓање на ликот и делот на Гоце Делчев преставувало фалшлива југословенска историја, дека требало да се сменат учебниците, дека требало комплетно историјата да се смени, практично ние треба прифаќајќи ги преговорите за ликот и делото на Гоце Делчев како држава да прифатиме дека сме нација која постои од 1945. Има ли поголемо понижување да преговарате и да велите дека нашите предци – мојата баба, мојот дедо, моите прабаба и прадедо кои загинале борејќи се за Македонија, коишто говореле македонски јазик, сето тоа да го поништиме и да го избришеме, затоа што сега некој неспособен политичар го ставил на маса за преговарање вели Мицкоски.

Првиот човек на опозицијата за ваквата ситуација во која се наоѓа Македонија прстот го впери кон Заев. Вели тие му подале рака за заеднички сите партии да изградат одговор за меморандумот на Бугарија, и тој одговор да биде заедничка државна позиција, посочува Мицкоски во интервју за Радио Слободна Европа.

Тоа беше оваа прва средба кај Стево Пендаровски кога требаше да се одржат предвремените избори на 12 април. Средбата некаде беше после она фијаско на октомврискиот самит на Европскиот совет кога не добивме јасно порака за отпочнување преговори и која се уште ја немаме иако е најавувана од пред две години. Уште тогаш реков да дадеме одговор на меморандумот којшто беше производ на Парламентот на нашиот источен сосед. И да дадеме одговор со консензус на сите политички партии, на тој начин ние ќе ја отцртаме нашата заедничка државна позиција и тоа практично ќе биде позиција зад која ќе застанат сите сериозни политички партии коишто имаат свои пратеници во Парламентот. Тогаш од страна на Зоран Заев и Стево Пендаровски бев убедуван дека тој документ кој е изработен во бугарскиот Парламент е документ кој практично служел за локалните избори кај нашиот источен сосед вели лидерот на опозицијата.

Во интервјуто Мицкоски покрај актуелните проблеми со Бугарија се осврна и на како што велат секелтивното правосудство во Македонија.  Незадоволни се од тоа  како се водел случајот Рекет оти главните нарачатели, како што вели тој не биле опфатени.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста