Мицкоски за Дојче Веле: Фалсификат попис ќе ги чини граѓаните погрешни проекции за иднината и пари

Фалсификат попис ќе ги чини граѓаните погрешни проекции за иднината и пари, предупредува лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, уште еднаш повторувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го признае пописот кој власта планира да го спроведе. Во интервју за Дојче Веле изразува сомнеж дела власта планира да спроведе политичка, а не статистичка операција.

Мицкоски наведе повеќе причини зошто сметаат дека претстои фалсификат попис. Прашува ќе биде ли можно едно лице да диктира повеќе матични броевки, без притоа да се прикаже соодветен доказк, дека тие во моментов се резиденти во Македонија. Дополнува проблем е и врзаниот потпис на директорот на Државниот завод за статистика и неговиот заменик. Ова според опозицискиот лидер значи, дека СДСМ и ДУИ ќе си се договорат какви резултати да потпишат.

-Власта одбива да се земаат податоци со отисок, а исти такви апарати за земање на отисок согласно постоечкиот закон треба да набават за локалните избори кои се неколку месеци по пописот. Понатаму, ќе се спроведува попис според методологија која што сѐ уште официјално не е излезена во Службен весник, зошто да одлучува Владата, а не, на пример, пратениците и Собранието, каде е присутна и опозицијата? И на крајот, кажете ми во која тоа држава пописот се турка без консезус помеѓу власта и опозицијата? Нема таков, вели Мицкоски.

Во интервјуот Мицкоски говори и за спорот со Бугарија. Вели поставувањет на олеснувачи во разговорите е повеќе од симболичен, отколку од суштински карактер. Вели Владата не приоѓала искрено во процесот, се криеле работи од јавноста. Мицкоски предупредува и дека не смеат политичари да преговараат за историските и идентитетски прашања.

-Разговорите треба да се препуштат на историските комисии кои треба да работат врз основа на факти, а не врз основа на притисок и врз основа на тоа Заев да именува и разрешува нејзини членови за да исполнуваат нарачки. Политиката треба да биде настрана од овој процес. Доколку во тие разговори се вклучуваат идентитетски прашања поврзани со јазикот, историјата, идентитетот имаме јасен став дека по ниту една цена не треба да се разговара за она што претставува наше идентитетско обележје, изјави Мицкоски.

Мицкоски говореше и за средбите кои ќе ги има деновиве со Виктор Орбан, Јанез Јанша и високи политички функционери од Хрватска. Вели целта е независно што ВМРО-ДПМНЕ е опозиција, треба да се искористи сиот расположлив потенцијал да се направи своевиден притисок и да се придвижиме кон патот на ЕУ.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста