Мицкоски за Алфа: Власта изгубила осет дека народот нема леб да јаде додека си ги полнат џебовите

Македонската економија тоне, народот трпи за леб, а функционерите од власта си ги полнат своите џебови и немаат ниту шајка заковано. Лидерот на  ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување на Алфа со остра критика кон властите. Заев дозволи дури 55.000 луѓе да останат без работа, а за 4 проценти е намаелен и бројот на вработени во индустријата. И додека луѓето мака мачат да го поминат месецот цените на производите вртоглаво растат. За 25 проценти е поскапено маслото за готвење, а постојано растат и цените на нафтените деривати .

  • Ама не е само тоа, вие имате индустриско производство кое што во првите два месеца споредбено со првите два месеца од претходната година кога уште немаше криза е помало за 12 проценти. 12 проценти е помало. Имате околу 4 проценти помалку вработени лица во индустријата. Страотна е ситуацијата. Имате 55.000 луѓе кои што ги изгубиле своите работни места, имате нови дополнителни 3 денари акциза на нафтата од пред некој ден и затоа поскапи дизел горивото, имате за 25,30 проценти поскапо масло за готвење. На секој чекор имаме страотна ситуација, истакна Мицкоски.

Околу 115 милиони евра е новиот долг на државата за само три месеци, а тоа значи дека секое семјство веќе должи 220 евра , алармира Мицкоски. Капак на се е и падот на капиталните инвестиции кои сега се некаде околу 55,5 милиони евра.

  • Ова се кога ќе го ставите на куп, ние за многу кратко време ќе отидеме преку 85,90 проценти задолженост. Тоа значи дека ликвидноста на Македонија ќе биде нарушена и за прв пат можно е да се доведеме до ситуација да имаме макроекономска нестабилност.  Среќа што банкарскиот систем, среќа што можеби има разумни луѓе се уште во Народната Банка и претпоставувам ќе ги вразумат и ќе им кажат дека вака работата не иде. И за нив може ова се да е супер и блескаво и да се полнат нивните приватни џебови, но народот нема леб да јаде. И треба да се свестат дека народот нема леб да јаде, рече Мицкоски.

Мицкоски е дециден и вели дека е одлучен да се бори против овие луѓе бидејќи не размислуваат за народот, ниту пак знаат да носат стратешки одлуки.

  • Јас не мислам дека они размислуваат за народот и затоа се борам против овие луѓе. Мислам дека мислат само за себе и не знаат стратешки да размислуваат и да носат стратешки одлуки. Јас сум одлучен да се борам против нив, дециден е Мицкоски.

И додека бизнисите тонат, власта се фали со позитивни ефекти. Бројките се поразителни по сите параметри, но премиерот излезе со позитивни оценки, па дури и со очекувања за раст на економијата годинава. И покрај критиките за државната помош среде криза, која стопанството редовно ја критикува како задоцнета и недоволна, од Владата велат дека состојбата била добра. Критично е во речиси сите сектори, а најпогодени се угостителите и текстилните работници.

За евентуално ублажуање на состојбата, може да се зборува дури кон крајот на годинава, но само под услов да има брза и ефикасна имунизација, но за жал тоа кај нас го нема.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста