Мицкоски во Брисел: Планирани низа политички средби и учество на парламентарното собрание на ЕПП

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на партијата, Христијан Мицкоски од денеска во следните два дена ќе биде во посета на Брисел.

Мицкоски придружуван од потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски ќе учествуваат на парламентарното собрание на Европската Народна Партија, брифираат од партијата.

Се очекуваат и билатерални средби со повеќе политичари и носители на процесите важни за стратешките интереси на земјава, врзани со европските интеграции.

Посетата доаѓа во време кога државата предводена од Заев доживува уште една блокада на патот кон ЕУ, како и фактот што Европската Унија има и забелешки за криминалот на Владата и недостатокот на владеење на правото, велат од партијата на Мицкоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста