Мицкоски: ВМРО – ДПМНЕ нема да води валкана изборна кампања – граѓаните се изморени

Граѓаните се изморени од калта која ја нуди ова политичко мочуриште, народот сака надеж и решение на проблемите – првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на три недели до почетокот на кампањата најавува победа во најголем дел од општините на локалните избори на 17 октомври. Оптимист е дека по овој изборен циклус, многу брзо ќе има нова влада која, според него, ќе одржи лекција како се работи чесно и како се бори против криминалот и корупцијата.

И додека функционерите на власта и старо-новите кандидати за градоначалници не пропуштаат секое појавување во јавноста да настапат со црна кампања за политичките опоненти, Мицковски вели дека опозицијата на избори оди со позитивна кампања.

До крајот на неделата опозициската партија најавува комплетирање на листата со кандидати со кои ќе излезат во трката за локалната власт. Досега објавени се вкупно 57 кандидати – во трката за Скопје ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка за независниот кандидат Данела Арсовска, во Куманово најавуваат промена на власта со актерот Тони Михајловски , за Кисела Вода ВМРО на извори излегува со Орце Ѓорѓиевски како кандидат за општинската власт. Актуелните  пратеници Иван Јорданов и Кирил Пецаков влегуваат во трка за градоначалничките позиции во Штип и Охрид.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста