Мицкоски: Власта ги менува ставовите за цензусот, ние сме за отворени листи и поддржуваме помал изборен праг

 ВМРО-ДПМНЕ ќе предводи победничка коалиција на прогресивни партии која ќе го промени ова политичко мочуриште, изјави првиот човек на најголемата опозициска партија Мицкоски, по средбата со Шабан Салиу од Демократски сили на Ромите. Денеска лидерите на двете партии одлучија да си сплотат силите и на локалните избори да коалицираат.

Се радувам што одлуката е таква да партијата на господинот Шабан Салиу биде дел од коалицијата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ , дел од победничката коалиција за тоа што денеска е важно да сите оние прогресивни политички сили кои што се дел од македонската политичка сцена без разлика дали се тоа од македонскиот блок политички партии, од албанскиот блок политички партии, партиите на Ромите, Турците, Власите, Бошњаците, Србите, Египќаните и останатите се приклучат на овој опозициски победнички блок бидејќи само така можеме да го промениме ова политичко мочуриште кое што четири години практично ја репресира и уназадува нашата Македонија, нагласи Мицкоски.

Додека партиите се здружуваат пред избори во трка по гласови, токму принципот и законските одредби за собирање на потписи за кандидатури на претстојните избори се во фоксуот на вниамнието. Измените на изборниот законик кои влегоа во собрание на само три месеци пред одржување на изборите направија хаос на политичката сцена. Со предлог законот се  зголемува бројот на потписи потребни за независни листи на кандидати за советници и градоначалници на 2%, што предизвика револт кај „помалите“ политички играчи. Мицкоски вели дека спроед него и партија на чие чело е токму тој прифаќа прагот за независните листи да биде еден отсто или воопшто да го нема.

Помалите партии бараа отворени листи, ВМРО-ДПМНЕ се сложи. Потоа се предомислија, ВМРО-ДПМНЕ повторно се сложи. Од страна на власта, исто така, се побара да се зголеми прагот на оние листи на кои им се потребни потписи за да ја истакнат својата кандидатура. Бидејќи тоа беше барање од власта, ВМРО-ДПМНЕ само за да има фер и демократски избори и на тие преговори рече – ’како вие мислите, така ќе прифатиме‘. Потоа, гледаме дека помалите коалициски партнери ретерираа од тој став. ВМРО-ДПМНЕ изрази разбирање за ставот на помалите политички партии, го поддржа и ставот на ВМРО-ДПМНЕ беше ’нека се договорат во владината коалиција, сè што тие ќе се договорат ние ќе прифатиме‘“, изјави Мицкоски.

По бурните ракции на експертите, но и помалите партии вчера Заев се огласи околу изборниот законик, рече дека измените во изборниот законик кои предвидуваат дека независните листи мора да соберат потписи од два отсто од избирачите во една општина за да се кандидираат на локалните избори, ќе бидат тргнати од предложениот закон. Претходно по ова прашање се изјасни и претседателот Пендаровски кој кажа дека нема да го потпише законот доколу прагот од два отсто не биде променет.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста