Мицкоски: Владата ќе работи паралелно на два колосека- преговори со ЕУ со јасни гаранции за членство и спроведување на реформи дома
Владата нема да дозволи Македонија да биде вовлечена во политички препукувања кои и се потребни исклучиво на Грција за нејзини внатершни потреби. Премиерот Христијан Мицкоски, вели Македонците во Грција имаат апсултната поддршка во борбата да опстои Центарот за македонски јазик во Лерин кој грчкиот суд го забрани. Според Мицкоски, европските партнери се сведоци на уште едно непочитување на договорите од македонските соседи.
- „Апсолутно тоа е уште еден доказ дека од добрососедството само нашата страна се грижи. Но тоа нас нема да не обесхрабри. Јас сум свесен дека таму се потребни провокации и ние исто така реципрочно да изреагираме и ние да направиме нешто што нема никаква врска со нашите интереси а тоа е втората наша стратешка цел а тоа е полноправно членство во ЕУ… Нашинците ја имаат нашата поддршка и ќе ги поддржиме во барање на нивното право. Ние како политичари сме тука да дадеме логистика, тука е Европскиот суд за човекови права и тие апсултно ја имаат нашата поддршка. Ние нема да реагираме како во минатото. Ние сме свесни дека сè ќе дадат нашите соседи за да не внесат во нивната внатрешна политичка расправа и ќе ја направат Македонија како тема. Но ние сме одговорни, зрели, имаме наша цел и одиме кон тоа“ вели премиерот Мицкоски.
За проблемите со другиот сосед Бугарија, Мискоски вели дека Владата не може да влезе во наивен процес, во кој, само Македонија ќе прави отстапки, а без притоа да има јасна гаранција за влез во европското семејство. Според него уставни измени со одложено дејство се можно решение ако има гаранции за полноправно членство во ЕУ.
- „Но, од она што можам во моментот да го видам, а и што го слушаме дека никој ништо не може да ни гарантира. Бидејќи никој ништо не може да ни гарантира не можеме ни ние да бидеме толкави оптимисти како што би сакале да бидеме и затоа овие два процеси кон полноправно членство во ЕУ и завршување на домашната задача ќе ги водиме паралелно, ќе бидеме фокусирани и на едниот и на другиот, ќе посветиме поголемо внимание на оној процес што зависи само од нас, а тоа е завршување на домашната задача. Доколку се појави двосмерна улица од другата ние сме тука, подготвени сме да разговараме, така што еве да оставиме да и двете страни, а не е доволно само едната да сака“, потенцира Мицкоски.
Нема ништо мудро во политиките на ВМРО-ДПМНЕ, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Обвинува дека Владата ги влошила односите со Бугарија и не покажала интерес за продолжување на европскиот пат.
- „И тоа е обврска на владата. Да направат се, согласно нивните ветувања, дека ќе ја подобрат позицијата. Се што гледаме е само влошување на нашите односи со Бугарија. Тоа не оди во прилог на националните интереси на земјата“, рече тој.
Премиерот неколку пати нагласи, дека Македонија не бега од разговори со Бугарија, за начинот на внесување на Бугарите во македонскиот Устав, но дека тоа ќе го направи со претставници на стабилна политичка влада во бугарија а не со техничка. Но додека тоа, не се случи, власта нема да губи време, и како штоо рече Мицкоски ќе се фокусира на домашните задачи односно реформските процеси за исполнување на стандардите за членство во ЕУ.