Мицкоски вети линеарно зголемување на сите пензиите за пет илјади денари

Мицкоски вети линеарно зголемување на сите пензиите за пет илјади денари

Линеарно зголемување на пензиите за 5 илјади денари, нов модел за еконмски раст , една милијарда евра за поддршка на општински проекти – ВМРО ДПМНЕ на партиска трибина дебатираше што треба да се направи за да се заживее македонската економија .

Македонија влегува во зона на стагфлација и е најзадолжена земја во регионот предупредува економскиот тим на партијата , а секојдневието е исполнето со штрајкови и протести . Потребно е поддршката да се насочи кон извозно ориентираните компании, да се води сметка за секој потрошен денар и да се создаде стабилна политичка ситуација која ќе овозможи добра инвестициска клима. ОД ВМРО – ДПМНЕ предупредуваат дека   Македонија е задолжена до „ гуша “ и не се знае каде се трошат парите , не се вложува во структурни капитални инвестиции туку јавниот долг се користи за корупција .

Имаме едно неправедно прелевање преку еден невидлив и подмолен инфлациски данок, како ние ќе ја сопреме инфлацијата, СДСМ и ДУИ предизвикаа состојба во која секојдневно имаме штрајкови, ја пригушија инфлацијата со непазарни мерки кои не можат долго да опстојат и траат како што се ограничувањето на цените и маржите и состојбата во нашата економија е нешто слично на онаа природна состојба на Исланд во моментов каде вулканите се подготвуваат за ерупција, пука земјата а и кај нас доколку продолжи ваквата политика најверојатно ќе дојде до социјален излив чие незадоволство го гледаме во моментов“ , рече Трајко Славевски

Кога имаше јавен долг од 48,8 проценти во однос на БДП тогаш некој зборуваше дека сме пред банкрот, дека не можеме да опстанеме, пишуваа писма до меѓународни финансиски институции. Прво,  важно е колку во апсолутен износ е зголемен јавниот долг или за 10 години пораснал за 2 милијарди и 900 милиони евра, а за жал денес за нешто помалку од 7 години јавниот долг е пораснат за 3 милијарди и 300 милиони евра. Замислете да се на власт уште следни три години уште за колку ќе ја задолжат државата“ рече Гордана Димитриеска Кочоска – Потпретседател на ВМРО – ДПМНЕ

ВМРО – ДПМНЕ веќе има подготвено дел на економски стратегии . Мицкоски се обврза дека кога ќе ја формираат идната Влада , ќе ги покачат пензиите за 5.000 денари . Тој рече и дека идната Влада на ВМРО – ДПМНЕ ќе ја вметне Македонија меѓу земјите со најнизок данок на добивка со што ќе се заштитат компаниите.

-Преку една дебата која што ја водиме во рамките на партијата во изминатиот период и преку оние информации кои што ги имаме за моменталната состојба на буџетот, но и за очекувањата за обврските во периодот што следи можам да кажам дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ во рок од една година линеарно ќе ги зголеми пензиите од 5.000 денари за сите пензионери во Македонија. И ова е ветување кое што сакам да го дадам од оваа говорница, од оваа трибина дека во рок од една година од изборот на влада на ВМРО-ДПМНЕ пензионерите ќе ги добијат линеарно тие 5.000 денари зголемување на пензиите, рече Мицкоски.

Ситуацијата не е сјајна ниТУ во енергетиката . Мицкоски предупреди дека како држава мора да имаме   производен центар кој што ќе произведува базна енергија минимум 50 проценти од она што е потребно

Ние мора да имаме производен центар кој што ќе произведува базна енергија. Без базна енергија која што ќе биде најмалку 50-тина проценти од портфолиото на државата ние како држава не можеме да функционираме“, нагласи Мицкоски.

Инаку првиот дел од трибината беше посветен за работата и предизвиците во скопските општини . Градоначалниците од ВМРО – ДПМНЕ пред членовите на партијата и симпатизерите дадоја отчет за дел од сработеното и се обврзаа за завршување на приоритетни проекти идната година .

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста