Мицкоски: Требаше да бидеме држава во која ќе се делат лекции по економија, со Заев сме приковани на дното

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук објави дека Македонија со Заев е земја рекордер, но објасни какви рекорди се рушат.

-Македонија 5-та во Светот по смртност од коронавирус, стои во анализата на France Presse (AFP);
– Македонија е 3-та најсиромашна земја на европскиот континент според статистиката на ЕУРОСТАТ;
-Македонија е држава со хибриден режим според Freedom House на дното во Европа по демократија;
-Македонија е прогласена за најнесреќна земја во Светот според агенцијата Галуп;

А требаше да блескаме, да бидеме држава во која ќе се делат лекции по економија… со Заев сме приковани на дното, додека тој е премиер, земјата има нула шанси за подобар живот.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1762549843920467
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста