Мицкоски: Со заемот 900 милиони евра, Македонија влегува во должничко ропство

Како на забрзана филмска лента: поскапа струја, парно, превисоки цени во маркетите, инфлација, милионски задолжувања, енергетска криза, здравствена криза, криза во образованието… Првиот човек на  ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дециден дека власта во последните пет години ја уништува Македонија и само ги трупа проблемите без да ги решава. Без никакви проекти и програми, министрите не работат ништо од она за што се поставени вели Мицкоски.

Оваа влада најави ново задолжување од цели 900 милиони евра, повторувам 900 милиони евра и обнова на односите со ММФ, нешто што беше напуштено пред речиси 15 години. Со овој заем Македонија влегува во должничко ропство, повторувам должничко ропство кое ќе ги опфати и се уште неродените чеда на Македонија. И овие пари нема да се користат за нови автопати, нови училишта, нови градинки или болници. Не, ова се пари кои што ќе ги потроши оваа Влада за да ги покрие дупките во Буџетот кој што немилосрдно го краде и раскрчмува. Овие пари нема да завршат за нови повисоки плати, пензии, туку ќе повторам за тековни трошења, за повеќе луксуз на министрите, за повеќе тендери во четири очи, за нови пари во приватни џебови рече Мицкоски.

Се повисоките цена на прехрабените производи наспроти ниските плати е најголемиот проблем за секој еден човек вели Мицкоски, а владата не презема ништо.

Бензините за две години се зголемени за повеќе од 80%;

Килограм шеќер е има повисока цена за 36%;

Килограм брашно 83% повисока цена;

Литар масло за јадење 107% повисока цена;

Литар млеко е 47% повисока цена;

Струјата поскапе за повеќе од 30 проценти за две години, а поскапе и парното. Државата влезе во силна енергетска криза- вели Мицкоски.

Во овие 100 дена Владата со Ковачевски протестираа земјоделците и матичните лекари, незадоволна полиција и државната администрација, незадоволни и вработените во Управата за матични книги…Владата е одделена од реалноста, а граѓаните живеат животот на рати вели Мицкоски.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста