Мицкоски: Се реализираат проектите за кои се обврзавме пред граѓаните

Потребите на бизнис секторот да се усогласат со можностите кои може да ги понуди општината е целта на формирањето на Економскиот совет кој денс беше презентиран пред штипските бизнисмени. Единствено на овој начин ќе се создаде добра бизнис клима  со што ќе се отворат нови работни места, рече градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

   „Од денес  почнуваме активно да работиме –формирање на Економски совет на Штип што ќе даде поддржка на бизнис секторот и че ги вклуиме активно да делуваат во развивањето на градот„-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

На презентирањето на Економскиот совет покрај штипски бизнисмени беше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој претходно направи увид во досега реализираните проекти..

   „Бидејќи сме ветувале, сме презеле обврзка пред граѓаните и тоа треба да се реализира. Доста се порази, граѓаните треба да почнат да победуваат„-изјави Христијан Мицковски во Штип.

На денешниот состанок штипските стопанственици имаа можност да ги кажат својте проблеми но и барања за полесно да се надмине состојбата во која се наоѓа македонскиот бизнис.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста