Мицкоски првиот работен ден го помина на терен, најави нова инвестиција

Мицкоски првиот работен ден го помина на терен, најави нова инвестиција

Нова крупна инвестиција во енергетскиот сектор и линеарно покачување на пензиите. Ова се првите задачи на новата Влада. Христијан Мицкоски откако ја презеде премиерската функција веднаш се фати за работа и излезе на терен. Од Штип го најави ветерниот парк од 450 милиони евра којшто ќе донесе нови 100 милиони евра во бруто домашниот производ.

До крајот на неделата Владата ќе одржи седница на која ќе се разгледува точката за зголемувањето  на пензиите,.

Мицскоски заедно со министерот Таравари ја посетија штиската болница и оттаму порача дека новата влада лќе гради онаму кадешто нејзините претходници оставиле неуспешни проекти. Еден таков проект според него е токму клиничката болница во Штип.

Во центарот на Штип беше удрен и камен темелник на игралиштето за мал фудбал кое треба да прерасне во спорска сала. Оваа инвестиција е вредна 90 милиони денари, а средствата се веќе обезбедени. Премиерот во текот на работната посета на Штип направи увид и во градежните активности на булеварот Партизанска.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )