Мицкоски предлага законско решение за да се спречи поскапувањето на струјата
Измени на законот за енергетика за да се спречат поголеми сметки за домаќинствта од 1ви јули. Откако во јавноста беше информирано дека ЕСМ ќе продава поскапо струја на ЕВН Хоум од досега, група пратеници од Коалицијата „Твоја Македонија предводена од мандатарот Христијан Мицкоски поднесоа предлог за законски измени по скратена постапка со кој нема зголемување за потрошувачите во прв и втор блок или незначителен пораст од 1-2 отсто во најскапите трет и четврт блок. Измените предвидуваат да биде внесена новата пониска маржа на универзалниот санабдувач од 9,9 отсто место досегашните 11, 5 отсо со што се намалува коефициентот по кој се множи збирот од барањата на енергетските компании, односно се отвора можност Регулаторна само да ја продолжи лиценцата на ЕВН Хоум бидејќи станува збор за истата компанија.
Што е всушност овој предлог-закон за дополнување на Законот за енергетика? Тоа е всушност предлог-закон со кој нема да има зголемување на цената на електричната енергија за домаќинството односно стандардот на граѓаните ќе биде заштитен. А, со овој предлог-закон нема да се дозволи она коешто проструи изминативе денови во јавноста како информација да биде драматично зголемена цената на електричната енергија. Со дополнување на законот за енергетика всушност велиме дека не е потребно бидејќи станува збор за исто правно лице повторно формирање на ново правно лице, нова структура нови трошоци за банкарски сметки нови процедури, рече Мицкоски.
Понудата на ЕСМ да задоволува 85 отсто наместо 100 проценти беше загрижувачка за првиот регулатор оти останатите 15 отсто би се набавувале на слободен пазар каде цената е и двојно поскапа. Мицкоски упати и порака до универзалниот снабдувач набавките на електрична енергија да се вршат многу внимателно, односно да направат оптимизација на набавките за да нема потреба да се излегува на слободен пазар.
Седницата на кој би се гласале измените Мицкоски очекува да се закаже идната недела, оти регулаторот до 30-ти јуни најдоцна мора да ги заврши калкулациите за новата цена на струјата од 1-ви јули во наредните шест месеци. Инаку, сега се прави нова пресметка, а не во декември заради што на на универзалниот снабдувач му истекува лиценцата на 30 јуни.
Мицкоски најави дека ќе преземат активости во следите шест месеци да го реорганизираат енергетскиот сектор и веќе во следниот регулационен период од 1 јануари 2025 до 30 јуни 2025 година граѓаните да добијат поевтини сметки за електрична енергија, а исто така и индустријата која што е на регулираниот пазар.