Мицкоски пред самитот во НАТО: Средба со Мето Коловски и Обединетата македонска дијаспора за лобирање на македонските интереси
Делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон се сретна со претставници на македонската дијаспора. Ова утрово го објави Мицкоски на неговиот фејсбук-профил, посочувајќи дека пред самитот на НАТО посветил внимание на прашањата и позициите на дијаспората во САД.
„Имав одлична средба со Мето Коловски и Обединетатат македонска дијаспора, со кои разговаравме за поддршка и лобирање за македонските интереси“, напиша Мицкоски.
На фотографиите кои ги објави Мицкоски на Фејсбук се гледа дека на состанокот од македонска страна, покрај премиерот присуствувале и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за надворешни работи и трговија Тимчко Муцунски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.