Мицкоски: Последни како земја ќе обезбедат вакцини, па што друго и е работа на владата, животи се губат?

Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за вакцините и посочи дека јавноста заслужува да знае кога точно ќе пристигнат вакцините во Македонија.

-Јас јавно на социјалнитемедиуми го прашав министерот Филипче кога ќе дојдат тие вакцини, дури помошта кога ќе дојде. Јавноста очекува да знае како што јавноста беше информирана дека во утринските часови ќе замине, ќе го напушти својот дом, па ќе влезе во возилото и ќе замине на пат кон Софија и таму ќе биде на седницата на бугарската влада и сето тоа во живо беше пренесувано. Еве јавноста очекува да знае кога ќе дојдат тие вакцини, неколку дена го поставувавм тоа прашање и никој не дава одговор. Значи нас помошта ќе ни дојде пред март. Идната недела почнуваат да се вакцинираат тие што сакаат нормално кај нашиот источен сосед. Веќе гледаме кај нашиот северен сосед почнаа да се вакцинираат, прашање на денови е кај нашиот јужен сосед кога ќе почнат, не знам кај нашиот западен сосед каква е ситуацијата, но гледам дека во светот масовно веќе почнуваат да се вакцинираат. Паметна, сериозна влада направила план, набавила вакцини и сега ги сервисира оние граѓани кои што сакаат да се вакцинираат. Ние правиме план пред март, за три месеци од денеска дека ќе дојде помошта од неколку илјади дози за неколку македонски граѓани, а од друга страна ни велат 800.000 ќе набавиме дози за 400.000 граѓани, истакна Мицкоски во своето гостување.

Мицкоски во своето гостување посочи дека основна задача на една Влада е да обезбедат вакцини меѓу првите, а не последни и додаде дека додека владата да набави вакцини го загрозува здравјето на граѓаните.

-Јас во една емисија реков пред април нема шанси, сега ќе се корегирам може и мај, јуни ќе биде а до тогаш на дневна основа ќе броиме по 1000 заболени, еве сега падна бројката бидејќи падна и бројот на тестирани, ќе бориме по 20-30 луѓе кои за жал го губат својот живот и ќе дојдеме до бројка над 100.000 заразени и неколку илјади починати и некој кој има основна задача да си ја врши својата функција, а тоа е да го заштити населението. Основна задача е на Владата, на политичарите кои земат плата за тоа да обезбедат меѓу првите, а не последни, до тогаш они го загрозуваат здравјето на граѓаните, додаде Мицкоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста