Мицкоски: Пописот ќе биде плод на лажен компромис и политички договор, а предвремени парламентарни избори ќе има

Спротивните ставови на директорот  на Државниот завод за статика и негоивот заменик според лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски уште еднаш покажале дека пописот ќе биде само трка по проценти и бројки. Мицкоски предупредува дека попишувањето на граѓаните наместо статистичка ќе биде политичка операција.

Сето ова ќе биде плод на лажен компромис, политички договор. Од тие причини, граѓаите немаат доверба. Самите тие уште не почната оваа таканаречена политичка операција, ја вулганизираат во очите на јавноста. И после се прашуваат зошто јавноста немала доверба. Како ќе има доверба кога едниот со другиот не знаат што претставува методологијата што ја претставија во јавноста.  Затоа треба да заминат, овие луѓе го покрадоа народот, го ставија на маргините и го клекнаа на колена – изјави претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Доколку пописот се спроведе оваа пролет, според Мицкоски тоа нема да даде разултат во развојот на државава, оти го спроведуваат луѓе кои како што вели не се способни да испорачаат кредибилен попис. Попишувањето треба да биде на пролет другата година кога ќе се набават терминалите за отисоци – порача Мицкоски непосредно по посетата на Зелен пазар во Скопје каде поразговара со пазарџиите за проблемите со кои се соочуваат. 

Пролетта 2022 година е идеално време за попис. Ќе ги имаме и терминалите кои отчитуваат отисоци со кои ќе се гласа на следните избори. Прашајте го ресорниот министер Фатмир Бесими зошто не одговара н апретседателот на ДИК кој бара дополнителни средства за обезбедување на овие терминали? Од што се плаши ДУИ? – вели Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ вчера ги достави собраните  потписи за покренување на постапката за поништување на законот за попис. Според опозицијата законот за попис е лош и штетен и нема да ја прикаже реалната состојба во земјава.

Запрашан за ставот на премиерот Заев дека сега не е време за избори, Мицкоски изјави дека од месечината се гледаат Кинескиот ѕид и предвремени парламентарни избори.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста