Мицкоски: Политиките на владата не донесоа во бездна, воведуваат кризна состојба, а организираат избори

Нас ни треба стручна комисија за време на оваа корона криза. А што направи владата, политиките на владата не донесоа во ситуација или бездна или втора бездна. И додека се случува ова има кризна состојба, а паралелно и избори за во две општини, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера на гостувањето во централниот дневник на телевизија Сител.

Според него Владата не доведува во ситуација само на парадоскални ситуации или влегуваме во тоа мочуриште.

-Луѓето чекаат за медицинска нега по ходиници или наидуваат на празни ходници веројатно зошто луѓето се на интервенции кај пациентите. Менаџмент со здравствените институции нема, нема кревети, нема медицински лица доволно, рече Мицкоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста