Мицкоски: Пендаровски да обелодени што договориле Димитров и Османи во Берлин

Претседателот Стево Пендаровски да обелодени што прифатиле и што договориле шефот на дипломатијата османи и вицепремиерот Димитров на средбата во Берлин со бугарската министерка Захариева.Ова од шефот на државата го побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, откако Пендаровски во телевизиско интервју рече дека на средбите со посредство на германските министри Мас и Рот бил изготвен заеднички текст за неколку точки.

“Го предупредувам и него, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ концесиите на Зоран Заев, СДСМ и неговите концесии нема намера да ги почитува. Нема намера да почитува ништо што ќе задре во идентитетот и идентитетските прашања, во современата македонска нација, македонскиот јазик и македонската држава”, изјави Мицкоски за Алфа.

Според Мицкоски позициите на Софија се резултат на ветувањата на Заев. Барањата на источниот сосед за анекс на договорот иако првично негирани од премиерот и министерот за надворешни работи ги потврди бугарскиот министер Каракачанов, истакнува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

“Ние сме доведени до ќор-сокак. Асимилација и интеграција или пак целосна дезинтреграција. Ние имаме црно-бели опции, а тоа е така поради тоа што концесии презел Зоран Заев. Затоа под итно мора да биде поразен проектот Зоран Заев за да може да имаат на маса други соговорници други луѓе кои што немаат концесии. Само така Македонија ќе може на брза трака да стигне до крајната цел а тоа е интеграција во ЕУ”, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Поради случувањата со блокадата од Бугарија на патот кон ЕУ, како и поради ситуацјата со корона кризата и застојоѕт во работата на собранието Мицкоски смета дека е потребно формирање на техничка влада или влада на национален спас.Исто така очекува соработката со опозициските партии од албанскиот политички блок да кулминира со коалиција за редовните локални или следните парламентарни избори.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста