Мицкоски: Од се е под контрола, дојдовме до 3000 загубени животи

65-годишен доктор преку Фејсбук моли за вакцина но за него, како и за многу други доктори и граѓани вакцини нема, оти надлежните не успеаја да купат ниту една, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната трибина посветена на годишнината од првиот ковид случај во Македонија. Мицкоски вели дека и по една година, Владата нема ни план, ни визија како да се справи со пандемијата.

„Луѓето буквално играат мајтап со Македонија, единствената држава во Европа, би рекол на Балканот сигурно, која што се уште нема набавено сопствени вакцини, кои што граѓаните кои што сакаат да се вакцинираат ќе ги имаат на располагање. Еве денеска еден од присутните претседателот на комисијата прочита еден фејсбук статус на еден негов колега кој што буквално моли да добие вакцина од министерот, човекот има 65 години. Така што се наоѓаме во една апокалиптична ситуација за здравјето на граѓаните“, рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

По секојдневните изговори на надлежниот министер дека вакцините доцнат поради комплицирани административни процедури, Мицкоски го повика Филипче што побргу го напушти бродот на најкорумпираната Влада.

„Помина и нова година помина и Божиќ поминаа и Водици помина и кинеска нова година ќе почнат велигденските празници ќе дојде и Велигден а ние се уште ќе се занимаваме со глупостите на Зоран Заев и оваа влада на СДСМ. А луѓето за жал го губат својот живот и луѓето се полни со трауми коишто го поминале КОВИД- 19 вирусот. Така што еве му порачувам на овој помлад колега во академската средина помлад колку побргу го напушти бродот на најкорумпираната и најкриминалната влада на Балканот толку подобро за него и ќе задржи барем мал детаљ од честа и достоинството коишто се надевам се уште ги има“, додава Мицкоски.

Мицкоски потсети дека pред една година надлежните најавуваа оти пикот на пандемијата ќе бил достигнат со најмногу 2000 заболени, а денес во Македонија има над 100.000 заразени и повеќе од 3000 починати пациенти.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста