Мицкоски од Прилеп: „Европа да го испорача тоа што го вети, веднаш и сега, без никакви условувања“

 „На Денот на Европа, бараме од Европа да го испорача тоа што го вети. А тоа е датум, односно преговори, веднаш и сега, порача од Прилеп, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. И тоа треба да се направи без дополнителни услови, без дополнителни барања од овој народ, кој има многу чесни луѓе и кој што го заслужува конечно да го отпочне патот кон полноправно членство во ЕУ“, –

 „Доста е со политичари лажливци и криминалци, доста е со политичари кои што за жал, денеска се во врвот на Владата на РМ. Овој народ заслужува европска иднина, овој народ заслужува Македонија да седне заедно со сите држави кои што се дел европското семејство…Престанете со дополнителни услови. Преговори сега и веднаш, а паралелно со преговорите нека течат и разговорите со нашиот источен сосед. Тоа е формулата за успех и тоа треба да се случи уште сега на Самитот кој што ќе се случи на крајот од јуни месец оваа година.Тоа е едногласна порака и ние од таа порака нема да отстапиме ниту милиметар“, – изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Осврнувајќи се на, како што рече, сите досегашни дебакли на оваа Влада на патот кон ЕУ, Мицкоски уште еднаш потести на фалбите од пред три години за наводно добиениот датум за почеток на преговорите.

 „Денес требаше да биде третата година откако Заев го прослави добивањето на датум и почеток на преговори, сигурно ја паметите онаа фотографија сликани во владиниот авион. Но 4 година не мрднаа ниту милиметар напред….И проблемот е што власта повторно се однесува на истиот начин со кој не добиваме ништо. И ова треба да се каже, а Заев ако мисли дека таквата понизност е цената која мора да ја плати за да ЕУ му прогледа низ прсти за неговиот криминал овде, и да се однесува по принципот ќе бидам сервилен, ама барем ќе ми прогледуваат низ далечен двоглед за кражбата на изборите и бруталниот криминал во кој оваа влада е потпрена, што и гласно низ кулоарите го говори Заев, преставува политички идиотизам и лага, бидејќи ниту Европа веќе му молчи за криминалите, ниту оваа власт може повеќе да си го купува мандатот со својата сервилност преку која тие ќе си ги полнат џебовите, а народот ќе страда“, – рече Мицкоски.

И токму заради сите досегашни безбројни фијаска на оваа Влада, според Мицкоски, истата требало час поскоро да бидете симната на предвремени парламентарни избори, а потоа и соодветно да одговараат сите за штетата која и ја нанесле на Македонија.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста