Мицкоски од Битола: СДС и ДУИ работат на епски криминал од околу 150 милиони евра во РЕК Битола

Мицкоски од Битола: СДС и ДУИ работат на епски криминал од околу 150 милиони евра во РЕК Битола

Власта пред заминување се обидува да направи епски криминал од 150 милиони евра во РЕК Битола. СДСМ и ДУИ во очај и паника пред заминување склучила два сомнителни тендери со милионски суми преку кои функционерите сакаат да ги натоварат куферите и да си заминат, рече претседателот на ВМРО ДМПНЕ на Енергетска платформа за иднина на тема „Концепт за инвестиции во енергетиката“ што се одржа во Битола.

Наместо да правиме ископ ние увезуваме неквалитетен јаглен што при согорувањето испушта сулфур и ги труе битолчани, а за тоа е склучен тендер од 100 милиони евра , рече Мицкоски. Како што појасни,  овие денови е потпишан и друг тендер во вредност 46 милиони евра за ископ на јаглен во РЕК Битола, а е одбрана поскапата понуда за 30 %.

– Покрај овој голем тендер има уште еден рекорден епски, кој трае 18 месеци и тоа е од околу 2 милијарди и 400 милиони денари односно околу 40 милиони евра плус ДДВ што значи околу 46-47 милиони евра кои ги доби позната компанија а ние како партија имавме многу прес конференции за овој епски криминал.  Веќе има 150 милиони евра тендери кои треба да бидат завршени пред изборите за кои постои сомнение дека се исплаќаат авансни провизии во вредност од 20% и постои основано сомнение и информации кои стигаат дека првите 10% ќе се исплатата сега, а вторите мај-јуни кога оваа влада на СДС и ДУИ ќе замине, за да се подготват убаво со куферите и мислат на тој начин ќе се спасат и ќе заминат и мислат дека никој нема да сноси одговорност, нагласи Мицкоски.

Мицкоски порача дека за помалку од 4 месеци е новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и дека директорчиња кои одлучија да им слугуваат на малкумина политичарчиња кои сега се дел од раководството на СДС, дека ќе одговараат од прв до последен за ова што го прават.

– Ако мислат дека ќе ги наполнат куферите и ќе избегаат, им ветувам дека лично ќе се занимавам со нив, ќе нема каде да бегаат. Затоа мојата порака до нив е да се вразумат да ги откажат овие набавки, да се обидат уште овие 3 и половина месеци пристојно и достојно да го водат РЕК Битола и мирно да се повлечат без дополнително да ги пљачкаат граѓаните мислејќи дека тоа ќе помине неказнето.  ВМРО-ДПМНЕ за разлика од владата на СДС и ДУИ која планира да го опљачка и затвори РЕК Битола, ние имаме план да го модерниззираме и да продолжи да работи се додека има ресурс за производство на електрична енергија, изјави Мицкоски.

Мицкоски најави дека со доаѓањето на новата влада на ВМРО ДПМНЕ проектот Чебрен ќе биде еден од значајните проекти со кои ќе се занимаваат надлежните бидејќи оваа хидроцентрала е од геостратешко значење не само за државата туку и за идните генерации на Македонија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста