Мицкоски очекува позитивен резултат на локалните избори

„Создади нова иднина – „Промени Проекти Победи“, ова е слоганот со кој на претстојните локални избори ќе настапи ВМРО-ДПМНЕ, истакна денеска на брифинг со новинарите првиот човек на партијата Мицкоски. Нивната програма го носи насловот “ГАРАНТИРАМЕ” и во неа се сите прокети кои партијата, на чело со градоначалниците ќе ги реализираат доколку го добијат мандатот.

Мицкоски очекува позитивен резултат на локалните избори , односно да имаат поголем број на градоначалници и советници од СДСМ, што дефакто според лидерот на опозицијата тоа е победа.  Очекувањата се дека ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 39 општини и Скопје, како и 3/4 од скопските општини.

Ваквите предвидувања ВМРО-ДПМНЕ ги темели на анкетите кои тие како партија ги нарачале за да видат расположението на народот.

На последната теренска анкета што ја нарачала партијата, спроведена од 23 август до 3 септември, води ВМРО-ДПМНЕ со 4,5 проценти пред СДСМ. Анкетата е споведена од ИПСОС на репрезентативен примерот од 1012 испитаници.

ВМРО-ДПМНЕ: 18.9%

СДСМ 14.4%

ДУИ 5.5%

ЛЕВИЦА 6.9%

АЛИЈАНСА И АЛТЕРНАТИВА 4.9%

Во анкетата покрај за кого граѓаните би гласале, се поставени и низа прашања за животот во Македонија, така на пример дури 56 проценти од анкетираните рекле дека власта лошо си ја врши работата, негативно ја оценуваат борбата со криминалот, корупција, спревување со ковид пандемијата, европските интеграции. Меѓу најголемите проблеми кои анкетираните ги посочиле биле немаштијата и невработеноста во Македонија.

Покрај теренската анкета партијата спровела и телефонска анкета по општините и градовите, нивните бројки покажуваат дека водство имаат во Велес од 3 проценти, Аеродром  4 проценти ,во Неготино исто така ВМРО-ДПМНЕ ужива поголема доверба, како и во Прилеп и дузина општини ширум државата. Очекува во Скопје да има втор круг, но гласовите од помалите партии да бидат на контото на кандидатот за кои тие како ВМРО-ДПМНЕ даваат поддршка.

Ваквите позитивни резултати, според Мицкоски се врата кон нови парламентарни избори, односно нивна победа на локалните, ќе биде причина повеќе да да бараат предвремени избори, иако според лидерот на партијата, има пратеници од моменталното владејачко мнозинство кои по 17 октомври ќе ја напуштат коалицијата на Заев.

Баш зошто бројките покажуваат предност на опозицијата, Мицкоски посочи дека очекува валкана кампања од нивните соперници, односно поткуп, закани и нечесна игра од страна на моменталната власт.

Мери Ѓорѓиевска

Advertisements