Мицкоски: Немаме право да ги трошиме крваво заработените пари на граѓаните, избори мора да има во ист термин

Мицкоски: Немаме право да ги трошиме крваво заработените пари на граѓаните, избори мора да има во ист термин

Немаме право да ги трошиме крваво заработените пари на граѓаните, изборите мора да бидат во ист термин, порача лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Потенцираше и дека очекувал следнава недела да има сериозен напредок во измените на изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Вели јасен е ставот на неговата партија, избори мора да има во ист термин, а не како што планира власта да организира два изборни циклуси во само два месеци.

-Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека изборите треба да бидат заедно, да не ги трошиме дополнително парите на граѓаните, затоа што ние немаме право да ги трошиме крваво заработените пари на граѓаните. Тоа што некој се обидува преку примитивни, би рекол политички логики и комбинаторики повторно тоа да го стави на трошок на граѓаните, тоа е негов проблем. Но, јасен е ставот на граѓаните, на јавноста, на граѓаните, избори треба да има на еден трошок, изјави Мицкоски.

Мицкоски порача и дека власта покажала на еден начин дволичност, во однос на предлог законот за амнестија. Порача дека СДСМ на еден терен гласале ЗА овој закон, на друг пак против.

-СДСМ во Собрание беше против законот за амнестија, но СДСМ на владина седница беше за амнестија, така што јас сега мислам дека треба да прашате кое СДСМ е за што, бидејќи се збунети граѓаните, не можат да ја разберат пораката. Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски, Бојан Маричиќ и останатите на владина седница гласаат за законот за амнестија, а Јован Митревски и останатите во Собрание гласаа против. И сега која порака на СДСМ граѓаните треба да ја коментираат, изјави Мицкоски.

Инаку, власта и премиерот Димитар Ковачевски одбегнуваат да седнат на маса со лидерот на опозицијата и да договорат датум за одржување на претседателски и парламентарни избори во ист термин.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста