Мицкоски: Наследивме банкротирана држава
Наследена банкротирана држава и безредија, закочена изградба на автопатиштата, 4 милијарди денари долг кон земјоделците, 150 милиони евра долгови во здравството, заостанати плати. Наследивме потрошен годишен буџет за само 6 месеци, напиша Премиерот Мицкоски.
Тој потенцираше дека тоа дополнително ги засилило ангажманите на Владата за работите да тргнат на подобро:
-Но, тоа само ги засили нашите ангажмани и мотивираност да ги исправиме работите и да излеземе на вистинскиот пат. Нашата решителност да создадеме подобро и повеќе за тебе е поголема од било кога, додаде Мицкоски.