Мицкоски за Бугарија: Наместо да бараат да бришеме учебници треба да дојдат овде и да му се извинат на овој народ

Шокантно, така ја коментирам изјавата на Заев за бришење на „бугарски“ пред фашистички окупатор, рече првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски реагирајќи на скандалозната изјава на премиерот за удоволување на Бугарија и менување на македонската историја.

  • Веднаш при промената на власт, ние не сме талибанци, да бришеме историски факти, ќе ги вратиме тие историски факти такви какви што светската историја ги признава. Тие биле фашисти, ние сме се бореле против тие фашисти. И наместо да бараат да бришеме учебници треба да дојдат овде и да се извинат на овој народ, рече Мицкоски.

Заев деновиве рече дека од историјата ќе се брише дека во Македонија постоел бугарски фашистики окупатор, вели ќе се отстранела придавката, оти така се зацрвствуал духот на добрососедството меѓу нас и источниот сосед.

Тој засега останува цврство на неговата изјава која ја разбранува јавноста и ги вознемири граѓаните, но неговиот вицепремиер на прашањето дали навистина ќе се менува историјата како што Бугарија бара даде не толку јасен одговор што и како ќе се случува.

  • -Во моментов таа атмосфера е нарушена поради двете вета – прекршувањето на членот 2 од Договорот кој вели дека Бугарија ќе не поддржува и ќе ни помага одејќи напред кон заедничката европска иднина и што побргу се вратиме во една позитивна атмосфера да обезбедиме разликите да ги разговараме, толку поголем прогрес ќе направиме рече Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања.

Јавноста врие, историјата на македонскиот народ не може да биде желботека на неписмените (ѓоа)политичари и мегдан за фалсификување. Улично насилство. Промена на националниот наратив во македонскиот образовен систем. Германија им се извинува на сите за извршените фашистички злосторства, Заев им се извинува на бугарите што вршеле фашистички злосторства, ова се само дел од коментарите по социјалните мрежи, но не реагират само граѓаните, кон критиките за изјавата на Заев се приклучија униерзитетски професори, политичари, аналитичари, но и дел од поддржувачите на политиките на актуелната власт. Универзитетската професорка Котлар вели дека се работи за неука, суртучка, безобразна изјава на Заев. Актуелниот градоначалник на Куманово, Димитиревски реагира дека Заев збoрувал од позиција на Премиер во име на сите нас и дека со оваа изјава не понижувал сите, и  газел по нашата историја и коските на нашите предци. Со остра порака се огласи и сопартиецот на премиерот Ѓорѓи Спасов кој вели дека историски факт е дека во Македонија за време на Втората светска војна имало и бугарски и италијански фашисти и германски нацисти и фашисти.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста