Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави

Мицкоски на средба со австрискиот амбасадор Памер: Идната влада ќе работи на уште позасилена соработка на економско поле помеѓу двете држави

Одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувани во наредниот период, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска оствари средба со австрискиот амбасадор Мартин Памер.

Мицкоски му се заблагодарил на Памер за поддршката која Македонија ја добива од Австрија на патот на евроинтеграциите. Притоа било нагласено дека одличните односи помеѓу Македонија и Австрија на економско поле ќе бидат дополнително унапредувани и поттикнувани во наредниот период. На средбата бил потенциран и планот за борбата против корупцијата и криминалот кои ќе бидат високо на агендата на идната влада.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )