Мицкоски: Македонија живее во медиумски мрак, ситуацијата никогаш не била полоша

Македонија живее во медиумски мрак, оценува првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, вели состојбата е катастрофална, а тоа го потврдува и Фирдом Хаус  во чиј извештај повторно сме прогласени за хибриден режим, вели Мицкоски во интервјуто за НетПрес.

Мислам дека состојбата никогаш не била полоша. Особено со оваа хајка што сега се води со рецензии на текстови објавувани во портали и на медиуми, кои објавуваат информации кои не одат во прилог на власта. Тогаш веднаш соросовите поданици на Зоран Заев се активираат, преку Метамофорзис и ги блокираат тие вести на социјалните медиуми. Зошто велам „соросовите“, па едноставно затоа што Сорос тука беше пречекуван небаре доаѓа императорот на Македонија, со специјални возила, со полициска придружба, ВИП државни третмани-вели Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Зборувајќи за пописот лидерот на опозицијата тврди дека процесот се води скандалозно, нетранспарентно, погрешно. Зад пописот се истражува теренот за локалните избори, каде може да се поткупи, а каде не, вели Мицкоски кој бара одложување на пописот за идната година како и да се тргнат двата врзани потписа на директорот на државниот завод за статискитка и неговиот заменик, оти со тоа посочува Мицкоски пописот станува политичка операција.

  • Доколку сето ова не биде прифатено, а засега на комисиска расправа ништо не е прифатено, доколку продолжат со насилната процедура, злоупотреба на европското знаменце, ВМРО-ДПМНЕ нема намера да ги признае резултатите, напротив жестоко ќе ги отфорли. Во периодот кој седи ќе работи на терен истите да ги девалвира, а доколку некој мисли дека ВМРО-ДПМНЕ ќе повика на непопишување не е така зашто постои казна од 300-400 евра, ние тоа не можеме да го направиме-вели Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Коментирајќи ја изјавата за Заев дека доколку има избори СДСМ и колаицијата би имале најмалку 3ца пратенци повеќе, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вели дека локалните избори се добар тест за да се проверат тезите на Заев , односно заедно со локалните да има и предвремени парламентарни избори.

За една-две седмици доаѓаат неколку различни бројки, а тие доаѓаат од СДСМ. Или нека направат заеднички именител на сите нив, па да се знае која е просечната вредност која тие бие ја посакувале, или да се охрабрат и да излезат на избори. Зашто политички е наивно да имате толкава предност, а да не го искористите тоа и да зависите од кревкото мнозинство во парламентот и да стравувате кој пратеник ќе влезе на седница. Нелогично е политичар кој е убеден дека има таква предност да не посакува да ја оствари и преку предвремени избори-вели Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Во престерт на локалните избори кои треба да се одржат есенва, Мицкоски рече дека ќе се бореле со добри кандидати, теренска работа и обединување, но се сомнева дека изборите ќе бидат фер.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста