Мицкоски: Кога бев заразен од КОВИД по мој избор го искористив државното здравство, не сакав да бидам привилегиран

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа говорејќи за победат над корона вирусот изрази голема благодарност до целиот медицински персонал од инфективната болница во која тој се лекуваше, посочувајќи дека тој самиот избрал да се лекува во државно здравство.

Јас сум човек кој што навистина сведочи за професионализмот и искуството на тие луѓе на таа клиника. Апсолутно немам никаква забелешка.

-Тие луѓе се борат навистина вон човечки напори вложуваат за да се спаси човечки живот, плус да се излекува човечки живот. Гледам со каков ентузијазам работат, иако морам да признаам дека како и тој ентузијазам да има свој крај, дека тој ентузијазам не може да трае бесконечно иако се тоа луѓе кои што положиле и заклетва и се мотивирани да спасуваат човечки животи. Но, сепак знаете обременети околу целата оваа ситуација, не можете вие да се исклучите од сето тоа и сето тоа вас да не ви пречи и да не влијае врз вас. Така што ете јас ќе се задржам на одговорот на вашето прашање, на професионализмот и навистина големата мотивација која што е присутна кај овие луѓе и огрмоната благодарност која јас како човек им ја должам, вели Мицкоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста