Мицкоски: Ќе одговараат за секој човечки живот кој се загуби поради неспособноста на власта, овој дебакл не смее да помине

Проблемот е што денеска имаме над 30 починати. Ближиме до бројката 1.500 заразени. Животот нема реприза, за ова ќе има одговорност, јас им го порачувам тоа. Да не мислат дека се комотни За секој човечки живот ќе има одговорност, не може ова вака да помине. Не смееме да дозволиме како идна влада да помине ова неказнето, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија.

Мицкоски истакна дека оваа власт е тотално неспособна, наместо да се борат за вакцини тие трчаа по провизии, бараа фирми во Хонг Конг, излегуваа информации во јавноста и документи кои тоа го потврдуваат.

–  Не можете како власт и држава да се потпрете на една варијанта, тие се потпреа, дека им ветија од Ковакс. Заев во јануари велеше и дека Венко потпишал договор со Фајзер и дека ќе пристигнат до крај на јануари и почеток на февруари 5250 вакцини од Фајзер, ветија и кинески, еве април дојде немаме ништо. Сега ќе дошле 24.000 дози за 12.000 луѓе за што попрво? Гледаме дека медицинскиот персонал престана да се вакцинира  бидејќи нема вакцини и никој не сноси одговорност, потенцира Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека одговорност мора да се сноси, почнувајќи од Караџовски до завршувајќи со тој кој што е најодговорен помеѓу нив, а тоа е министерот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста