Мицкоски: Ќе бараме надзорна расправа за пропаѓањето на Еуростандард банка и злоупотребата на европските фондови

Крајната цел на протестите е што побрзо оваа власт која ја води во амбис државата не нуди ништо, а не може да видиме ниту некоја предвидлива иднина. И во ваква ситуација немаме ни ни минута повеќе, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата Само интервју.
Според него еден од легитмните начини да се протестира е улицата, вториот начин е парламентот.

-Таму во парламентот колку што може да видите, ВМРО-ДПМНЕ, а и другите опозициски партии едвај се борат за збор. Ќе имаме многу предлози, еве да најавам екслузивно за важата емисијата ќе имаме надзорна расправа не само за струјата, туку и за Еуростандард банка, потоа за злоупотреба на европските фондови, како случаите со берберницата, за тренинг на магариња, посочи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на фактот дека конкретно за струјата покаќувањето ќе биде и поголемо.