Мицкоски ја промовираше мерката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“ – Ќе поевтини училишниот прибор
Од утре родителите ќе купуваат училишен прибор по поевтини цени. Владата на седница донесе одлука за ограничување на маржата од 5 % за големо продажба и 10 % за малопродажба.
Тетратки, моливи , пенкала, блокови, темперни и водени боици досега се продавале за двајно, па и тројно повисока цена од набавката, според анализата што ја направила Владата. Моливи и маркери со набавна ццена биле пуштени во малопродажба од 120 до 150 денари. Иако учебната година е веќе започната, премиерот Христијан Мицкоски вели дека потегот не е задоцнет бидејќи че следат континурирани мерки за заштита на есенската и зимската кошничка.
Учениците во Македонија години наназад учебата година ја стартуваа без учебници. После седум години, конечно ситуацијата енадмината и на секој основец во Макеоднија му се доставени сите потребни учебници, подвлекува премиерот.
На владината седница денеска не станало збор за кадровски промени меѓу членовите на историската комисија за Бугарија. За тоа, како што најави премиерот Мицкоски, ќе се разговара на некоја од следните седници.