Мицкоски: Интегра се интегрира во ВМРО-ДПМНЕ – опозицијата се мобилизира во битката против „мафијата во Власта“

Лидерот на Интегра бил финансиски мотивиран од други политички партии да се декларира како опозиција и да направи шетета на ВМРО ДПМНЕ во предизборието тврди лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Ова му го потврдиле и дел од членовите на Интегра кои денеска преминаа во ВМРО ДПМНЕ. Ова е само почеток на окрупнување на опозицијата најави Мицкоски, против како што рече мафијашко однесување на Владата на штета на интересите на граѓаните и на државата.

-Луѓето кои се денеска тука со мене, дел од тие индиции ги потврдуваат со сопствено сомневање дека постојат сериозни финансиски мотиви кај определени самопрогласени опозициони лидери на политички партии, со една цел да направат штета во опозицијата и да отцепат дел од гласовите, што морам да признаам на долг рок е штетно за граѓаните, а на краток рок нив можеби им донесе среде кампања и ново возило патничко кое чини 30-40 илјади евра“ изјави Мицксоски.

Доскорешниот потпретседател на Интегра Восилав Зафировски, обвини дека лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски во изминатиот период одработувал за актулната власт.

-Деспотскиот однос на лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски и неговата фикција дека тој е пророк и месија пратен од Бог и неговата фикција дека ќе ја спасува Македонија на волшебен начин ги сруши сите принципи за кои се боревме и партијата ја претвори во трговско друштво – истакна Воислав Зафировски поранешен потпретседател на ИНТЕГРА.

Мицкоски во периодот што следува најавува окрупнување на опозицискиот фронт. Во периодот што следува кон ВМРО ДПМНЕ ќе се приклучеле групации, здруженија на граѓани, поединци, политички партии и ќе се борат против мафијата којашто денеска се наоѓа во Владата, рече Мицкоски. Тој потсети и на последниот извештај на Стејт департметот кој покажа дека Македонија заедно со Албанија се најкорумпирани за водење бизнис на Западен Балкан.

-Во оваа влада не постои желба за справување бидејќи самата влада е мафијашка. Ако постоеше желба за справување со криминалот и корупцијата најпрвин првиот во владата немаше да е таму каде што е сега. Најмалку половина од членовите во владата нема да беа таму каде што се сега туку на друго место – истакна Мицкоски.

Според него со актуелната владеачка гарнитура сите наредни извештаи на Стејтепартментот би биле негативни.

Катерина Гетева

Advertisements