Мицкоски и Муцунски присуствуваат на самитот на ЕПП во Љубљана, Словенија

Во пресрет на утрешниот собир на европските лидери, во Словенија денеска се одржува и традиционалниот самит на Европската Народна партија, најмоќното политичко семејство во унијата. На состанокот присуствува и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На крајот на самитот се очекува усвојување на декларација која ќе даде несомнена поддршка за полноправно членство на земјите од Западниот Балкан во Европската Унија, посебно акцентирајќи ја потребата од што побрз почеток на пристапните преговори со Република Македонија. Во продолжение разговорот на Христијан Мицкоски со новинарот Биљана Божиновска во Љубљана.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста