Мицкоски го обвини Ковачевски дека наместо со македонскиот народ, тој направил коалиција со Бугарија

Националното единство е нужност, а премиерот Димитар Ковачевски пропушти историска шанса за национално обединување и можност да се зацементираат позициите на заштита на националните државни идентитетски линии, вели првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ. Мицковски вели дека има информации оти во игра на преговарачката маса со Бугарија не ставено само вметнувањето на македонските Бугари во Македонија, туку и културата, јазикот и историјата.

-Ковачевски со тоа што одбива можност за национално единство за прашањето со Бугарија, практично пропушта можност едногласно да ги зациментираме позициите за заштита на националните, државни идентитетски линии. Ваквиот договор за национално единство околу ова прашање не значи дека и утре, и деновите потоа нема да критикуваме за погрешните политики на оваа Влада, но тоа значи дека и македонската опозиција, и пред се ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија заедно со македонската влада ќе штитат идентитет, историја и јазик. Ваквото одбивање на подадената рака за национално единство значи само едно, дека Ковачевски наместо во коалиција со народот и на страна на државните и национални интереси, е во коалиција со Бугарија и продолжува да биде слеп послушник и застапник на политиките на заевизмот, политика која што кај нас веќе е жестоко поразена од народот, вели Мицкоски.

 Премиерот Димитар Ковачевски пак категорично ја одби фрлената ракавица од Мицкоски за национално обединување. За него единство и застапување на државата се прави во законодавниот дом, а не со еднострани декларации. Според Ковачевски, со тоа само се попречува процесот на разговори што се водат со Софија во духот на европските вредности.

-Таа изјава сметам дека воопшто не е искрена, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период единствено нешто што прави е креирање хистерија во однос на разговорите што се водат со Бугарија. Во рамки на подготовките за работните групи што ги формиравме со бугарскиот премиер и членовите на нивната Влада, ние упативме покана за учество и до опозицијата што беше одбиенаЕдинството и застапувањето на нашата држава се прави во законодавниот дом, а не со еднострани декларации, истакна Ковачевски.

Мнозинството во Парламентот не ја прифати ни Декларацијата на опозицијата со која требаше да се заштити ликот и делото на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста