Мицкоски: Гарантираме 14.835 проекти, кои ќе направат од Македонија успешна приказна!
Македонија е уморна од криминал, декаденција и корупција,од политичари кои се грижат само за своите паричници,уморна е Македонија од крпен живот, од живот на версија и рати,-Доста е ! Државата ќе ни даде нам, кога ние ќе направиме нешто за нашата Македонија. Гарантираме 14.835 прокти кои ќе направат од Макеоднија успешна приказна.Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски кој изборната кампања за 7-те по ред локални избори традиционалкно ја почна од Охрид,рече дека ова се само навидум само локални избори но ако се погледне подлабоко се нешто повеќе од тоа- од нив зависат многу работи,сите поврзани со иднината на Македонија.На овие избори или ќе продолжи државата да фунционира на ваков начин и ќе бидеме сведоци на уште продлабочена корупција,хаос,нефункционирање на системот, отсуство на одговорност, немање правда, социјални и економски проблеми, стагнација на државата, пропаѓање или не ќе создадеме подобра иднина.
Прашањето на кое сите ние треба да си одговориме на овие избори, е дали сме подготвени да им дадеме уште нови 4 години на истите луѓе кои 2 пати брутално ги изневерија очекувањата?Не го одржаа зборот,даваа лажни ветувања и потоа опиени во својата моќ и ароганција, во корупција, играјќи си со вашите животи.Дали во следните години Зоран Заев треба да има повторно апсолутна моќ-рече Христијан Мицкоски- лидер на ВМРО ДПМНЕ.
Ветуваа раст на економија, ветуваа странски инвестици, а од инвестиции само марихуаната на Заев ја видовме-рече Мицкоски. 36 годишниот кандидат за градоначалник доктор Кирил Пецаков пак,меѓудругото им ги вети на своите сограѓани максимално вложување и борба со создавањето нови дивоградби и дивеењето во урбанизмот.
Не смее веќе зеленилото да се заменува со бетон. Нови паркови, нови велосипедски патеки, пристапни влезови, зелен и хуман град. Зголемување на зеленилото и зелените појаси и подигнување на еколошката свест. Сето тоа со:нов парк и проширување на зелената зона на потегот од споменикот на “Ден Долард” до каналот Студенчишта,велосипедска патека Охрид-Свети Стефан -рече Кирил Пецаков-кандидат за градоначалник.
На крајот ,лидерот на ВМРО ДПМНЕ им обрати и на албанците, велејќи дека Зоран Заев кон нив се однесува како и кон македонците и мисли дека може да ве поседува кога тој задно со Ахмети ќе одлучат за тоа. Времее Македонија да ги надрасне поделбите и да го сруши ѕидовите-порача од Охрид лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Росица Голабоска