Мицкоски: Епоред EuCham Македонија е помеѓу последните земји во Европа за водење бизнис во 2020 година

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на својата фејсбук страница објави статус во кој потенцира дека економијата ни е во колапс, образованието крахира, културните работници се прогласени за ранлива категорија од страна на државата, а здравството е на колена.

Во продолжение прочитајте што точно напиша Мицкоски во својот фејсбук статус:

Мафијата секојдневно удира по темелите на државата.

– Економијата во колапс, во aвгуст индустриското производство -10%, вработени во индустријата -5%, а според EuCham (Европската Стопанска комора), Македонија е помеѓу последните земји во Европа за водење бизнис во 2020 година, но и со највисок пад од 5 места споредено со 2019 година.
– Образованието крахира, а владата експериментира со најмладите,
– Културните работници мафијата ги прогласи за социјално ранлива категорија.
– Здравството е на колена, секојдневно лекари и медицински персонал го напуштаат, никогаш не излеговме од Ковид пандемијата, а секој ден броиме наши синови, ќерки, родители кои ги губат животите поради неспособноста на надлежните.
– 4,6 милиони € констатира пљачка во СЈО државниот ревизор, а обвинителството молчи, чека насока од мафијата. Нема правда, нема мир…

И додека ова се случува продолжува креирањето на лаги и конструкции од власта насочени кон мене и ВМРО-ДПМНЕ. Зошто? За да не се збори за крахот во државата.

Ве повикувам, во сабота во 18:30 заедно да протестираме против неправди, реваншизам и политичко насилство!

Се гледаме на улица!

Мафијата секојдневно удира по темелите на државата.- Економијата во колапс, во aвгуст индустриското производство -10%,…

Gepostet von Hristijan Mickoski am Donnerstag, 1. Oktober 2020
Advertisements

Поврзани вести