Мицкоски: Една од првите странски директни инвестиции ќе бидат во енергетиката

Мицкоски: Една од првите странски директни инвестиции ќе бидат во енергетиката

Нов ветропарк меѓу Карбинци, Штип и Радовиш за производство на електрична енергија  кој ќе произведува еден терават часови електрична енергија е една од првите странски инвестиции на новата Влада. Мандатарот Христијан Мицкоски нагласи дека големата инвестиција која ќе биде објавена многу наскоро предвидува 20 отсто од целокупното производство на електрична енергија во земјава. На седмиот енергетски форум мандатарот, порача дека најголем приороритет ќе биде да се реорганизира пазарот на електрична енергија, односно да се направи баланс во тоа колку се увезува и колку се извезува. Спроед Мицкоски, фокусот треба да е на производство на електрична енергија од обновливи извори, но тоа да оди чекор по чекор.

Како електро енергетски сектор не сме подготвени, но со добар план со добар надзор електро енергетските капацитети ќе можат да се заврши оваа процедура успешно, но за тоа ќе треба време. Очекуваме први странски директни инвестиции во земјата со новата влада тоа ќе е објавено и со фокус на секторот енергетика со фокус на инсталирање на нова ветерна фарма што ќе биде во источниот дел од земјата помеѓу Карбинци, Штип и Радовиш, три општини на истокот и ќе биде голема инвестиција колку што сум информиран и со податоците со кои располагам во моментов се предвидува производство на електрична енергија приближно еден терават час што е еден милион мегават часови што е приближно 20% од целокупното производство на електрична енергија во земјава и ова би било прва директна странска инвестиција која ќе ја објави новата влада во Македонија“, истакна Мицкоски.

Мицкоски најави и промена на начинот на греење на 600 јавни објекти кои се уште користат фосилно гориво, што директно ќе влијае за намалување на загадувањето, најголем дел од овие згради се училишта. Мицкоски е дециден – двојни стандарди не се дозволиви и новата Влада сериозно ќе се занимава да ги открие криминалите кои се направени во енергетскиот сектор во минатото.

„Без владеењето на правото нема развој. Тоа е првиот столб, ако се избегнува владеењето на правото развојот на земјата не би бил возможен така што двојни стандарди не се возможни“, заклучи Мицкоски.

Енергетската сигурност и зелената енергија се суштински приоритети, порача американската амбасадорка во Македонија Ангела Агелер. Таа смета дека треба да се заврши грчко – македонскиот гасовод со што ќе се елиминира зависноста од рускиот гас.

Безбедна енергетска иднина изискува дополнителни иновации и напредок на многубројни проекти вклучувајќи и завршување на грчко-македонскиот гасовод. Овој извор на природен гас ќе ја елиминира првин зависноста од Русија, како и заканите на одредени прекини во снабдување со гас. Со интерконекторот или гасоводот Северна Македонија исто така може да гради централи, кои се со погон на гас и ќе може да ја олесни транзицијата на земјата од јаглен кон други извори, рече Анџела Агелер, амбасадор на САД во Македонија

За ЕУ е важно Македонија итно да ги усогласи енергетските закони со европските.

Неопходна е ефективна координација меѓу институциите и сите релевантни засегнати страни, поддржани од човечки и финансиски ресурси. Знам дека ова ќе биде голем предизвик за новата влада. Многу ќе биде важно итно да се усогласи националното законодавство со најновите ЕУ стандарди и европската легислатива за обновливи извори и енергетска ефиканост за да се држи чекор со развојните трендови на ЕУ, подвлече евроамбасадорот Гир.

Македонскиот енергетски форум е врвен настан во енергетската индустрија кој ги обединува иноваторите и водечките експерти. Годинашното седмо издание беше во фокусот на воспоставување енергетска сигурност и безбедност во регионот, како и намалувањето на користење на фосилни горива.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus (0 )