Мицкоски до Заев: Преговараш продажба на идентитет, ќе одговараш за велепредавство и ќе ти се случи народ

Зоран Заев призна дека се преговара за македонскиот идентитет, а доказ за тоа е и изјавата на историчарите дека за терминот „македонски“ се разговора на повисоко ниво, обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Заев лажеше кога се колнеше во најмилото, додека се пазареше за идентитетот и историјата, рече Мицковски, и го предупреди премиерот дека за тоа ќе одговара за велепредавство.

  • Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот Македонски кој што дирекно го означува нашиот идентитет, додека Заев упорно не убедува дека не преговара за идентитетот и историјата. Бугарската страна кажува дека за придавката Македонски се разговара на повисоко ниво што во превод би значело дека Зоран Заев тргува. Како се случи за неполни 12 сати, од позицијата атмосферата е добра има напредок во разговорите до тоа главен наслов во медиумите да биде фијаско. Тоа е затоа што лаже. Та нели се беше во главата на нас вмровците? Заев лажеше кога се колнеше во најмилото, a се пазареше за идентитетот, историјата, за Македонија. Денес повторно лаже кога вели дека не преговара за идентитетот, јазикот, историјата, а историските комисии го демантираат и го тврдат токму спротивното. Лаже и кога вели дека има напредок. Безочно лаже и око не му трепнува, вели Мицкоски.

Лидерот на опозицијата праша како тоа за неполни 12 сати, од позицијата дека атмосферата е добра има напредок во разговорите, се стигна до тоа главен наслов во медиумите да биде фијаско. Тој рече дека Македонија ја губиме на делови помеѓу две изјави на Заев кој со раката на срце, со насмевка и наведнување на главата вели дека тој бил Македонец, и го штител идентитетот. Според него, Веќе на сите им е јасно дека кога заев говори, тогаш тој го испорачува сосема спротивното, и затоа му се случува народ.

  • Сега е моментот кога не треба да има изговори. Сега е потребно народот да биде гласен и да се каже стоп на неспособноста, предавствата и одземање на иднината. А тоа ви го велам затоа што Зоран Заев е подготвен да прифати се, а единствената кочница е македонскиот народ и граѓаните на Македонија. Ова е моментот кога на Заев треба да му се случи народ. ВМРО-ДПМНЕ го носи тој бајрак на слободата и е во првите линии, но штитот мора да сме сите ние, целиот народ. Ако не сме единствени и подготвени да се спротивставиме тогаш Заев ќе продолжи да продава и тогаш сите ние, но и целиот народ да нема изговори ниту правдања да ни кажаве дека Заев можеше тоа да го направи. Еве кажувам треба да се случи народ за да Заев престане да продава. Тоа е единствениот начин како да го победиме овој човек кој што денеска се наоѓа во оваа зграда, или да бидам попрецизен дава интервју недалеку од оваа зграда и му се смее цела Македонија и го слуша како на отворена сцена се пазари со нашиот источен сосед, рече Мицкоски. 
  • Еве ќе ви одговорам што ќе направиме, најпрвин ќе ве победиме на фер, не такви украдени талибантски избори, а потоа покрај криминалот ќе одговарате и за велепредавство пред овој народ, јас ви го гарантирам тоа, и за велепредавство и за овој народ, ете тоа ќе го направиме. А на маса ќе седнат учени луѓе, луѓе кои што знаат што се историски факти и ќе се изборат за подобри преговарачки позиции, достоинствен договор и Македонија во рамките на Европската унија. Втората порака е до политичарите во нашиот источен сосед. Залудно преговарате со овие домат-дипломати, залудно преговарате, договарате, заедно мислите дека тоа што со нив мислите дека ќе го ставите на хартија ќе биде обврзувачко за нас. Еве ќе ве потсетам на тоа што го зборувам веќе со недели. Не постои такви парче хартија кое што ќе го почитува идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, владата на национално единство, рече Мицкоски.

Флоскулата, „идентитетот нема да биде спорно прашање“ е само мамка, затоа што ако го засегнете јазикот и историјата, што ќе остане во идентитетот рече професорката Наташа Котлар. Рече дека АСНОМ е највисоко, законодавно, извршно и народно претставничко тело, нашата највисока власт.

  • Македонскиот јазик е признаен за службен јазик на македонската држава, а не како сега каде што е скршена неговата интегративна моќ во нашето општество. Следното е што нашиот Илинден е определен за народен и државен празник, односно преведено на современ јазик, национален празник. Илинден е семејна историја на многу генерации но, таа е и наша вистинска историја која не може да подлегне под никакви политички притисоци, а најмалку да биде заеднички. И уште нешто да ви спомнам, таму има една премногу авангардна мисла тоа е декларацијата за правата на народот и граѓаните независно од верска национална и друга атрибутска определеност, односно мислеа да градат вистински парламентарен живот и вистинска демократија, што не им беше овозможено и затоа завршија на Голи Оток. Овие луѓе покажаа висок државнички капацитет, за разлика од државниот актуелен политички врв кој демонстрира безобразно однесување во однос на македонските вредности, а тоа се македонскиот јазик, македонската историја, македонските културни вредности и се она што нас не прави македонци, со посебна историја и посебен историски развој. Ова немојте да го заборавите, бидејќи флоскулата, „идентитетот нема да биде спорно прашање“ е само мамка. Мамката е во тоа што, ако го засегнете јазикот и историјата, па што ќе ви остане во идентитетот, посочи Котлар.

И денеска улиците на главниот град беа преполни со возила кои од СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“ дефилираа и бараа оставка од премиерот. Граѓанските протести ќе продолжат и во наредните деноцви.

Борис Грујоски

Advertisements

Поврзани вести