Мицкоски до СДСМ: Ќе биде згрозени и засрамени кога ќе видите што правела претходната власт со прислушувањето, тоа го немало ниту во фашизмот

Мицкоски до СДСМ: Ќе биде згрозени и засрамени кога ќе видите што правела претходната власт со прислушувањето, тоа го немало ниту во фашизмот

За многу скоро од денес, во СДСМ самите ќе бидат згрозени, засрамени и ќе се извинувааат, кога оние што не знаат ќе видат што правела претходната власт со прислушувањето. Премиерот Христијан Мицкоски потенцираше дека такво нешто немало ни во фашистичките режими. Дел од следењето на тогашните опозициски функцинери не било само телефонското прислушување. Вака тој одговори на обвинувањата на опозицијата дека власта се обидувала да го партизира телото за контрола на работата на АНБ. 

-Тоа што се случувало ќе ве згрози и вас, каков тип на мерки се преземани, не само следење на комуникации, физичко следење и документирање и употреба на дозволени и недозволени методи. Затоа се плашите вие, затоа се плашите и ја гледам онаа јавна дебата од тие остатоци на удбашки болшевички структури кои што и до ден денска за жал присутни во нашите би рекол кодошки безбедносни структури, изјави Мицкоски.

Од опозициската СДСМ пак обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ се обидувала да ги партизира институциите, особено проблем им се луѓето кои конкурирале за членови на Советот за надзор на работата на безбедносните служби. Премиерот на тоа одговори дека од таму во моментов се чистеле партиски и нестручни кадри, на чие место треба да дојдат луѓе експерти во овој сегмент.

-ДПМНЕ ги загрозува демократските процеси и капацитет на институциите и повторно се обидува да воспостави контролата врз прислушувањето. И останатите кандидати исто така во одреден дел не ги исполнуваат законските услови, во законот јасно е наведено дека треба да се експерти од делот на правото, телекомуникациите, Ај- Ти технологиите, безбедноста и одбраната, изјави пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски.

Мицкоски порача дека државните институции во моментов се чистеле од партиските кадри на СДСМ и ДУИ, со што бројот на функцинерски плати во државата е намален за повеќе од 50. Вели доказ дека власта нема за цел да ги партизира институциите е и што многу раководни кадри, се луѓе поставени од претходната власт.

-Ќе ве потсетам на 2018-тата година, како беа бирани членовите на Регулаторната комисија за енергетика, на најбрутален начин, со закани најпрво во канцеларијата каде што работам јас, а потоа двајца по двајца во Парламентот. Денеска претседател на Регулаторна комисија за енергетика е Марко Бислимовски, ваш предлог, не е сменет шести месец по ред, кажа Мицкоски.

Мицкоски посочи дека доказ за партизираноста на сите институции од претходната власт е што обвинителите денес, кога треба да се справуваат со криминалите од минативе седум години, наоѓаат изговори на пример, имаат температура, дијареа, патат од несоница или се анксиозни и не ги потпишуваат налозите за постапување.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста