Мицкоски до Ромео: Поради неспобноста на власта, Република Македонија нема никаков напредок

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот, Александар Николоски денес остварија средба со италијанскиот амбасадор, Карло Ромео.

На средба разговараа за актуелната политичка состојба во државата како и за тоа кои се приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија.

Претседателот Мицкоски посочи дека поради пандемијата предизивикана од КОВИД 19  државата е во тешка економска и здравствена состојба, а старо-новата влада не превзема никакви конкретни мерки се со цел да им се помогне на граѓаните како и на бизнис секторот.

Во текот на средбата Мицкоски потенцираше дека во државата криминалот и корупцијата се на високо ниво и правдата важи само за некои луѓе. Имено тој укажа дека се власта дели тендери на лица блиски до власта, за тоа никој не одговара, а народот се осиромашува.

-ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република Македонија на прав пат, како и ќе имаат влијание на патот кон Европската унија, истакна Мицкоски.

Претседателот Мицкоки му се заблагодари на италијанскиот амбасадор за средбата и се надева дека ваквите средби ќе продолжат и понатаму во иднина кои ќе придонесат за доброто на целата држава.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста