Мицкоски до Радев и Мицотакис: Политиката овде е променета, соработката ја гледаме како двонасочна улица

Мицкоски до Радев и Мицотакис: Политиката овде е променета, соработката ја гледаме како двонасочна улица

Уцени, потсмев, навреди, омаловажувања – Бугарија и Грција продолжија оркестрирано со нивната реторика која се должи на сервилноста на доскорешната власт – но она што го правеа СДСМ и ДУИ, нема да го продолжи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. По последните реакции од јужниот и источниот сосед дека власта во Македонија не била подготвена за ЕУ и не го познавала меѓународното право, премиерот им порача да си ги преиспитаат изјавите – бидејќи времето на омаловажувања помина. Христијан Мицкоски со различен тон кон Радев и Мицотакис, наспроти нивниот дрзок однос: „Време е да се градат мостови, да се разговара за развој, просперитет и економска соработка помеѓу земјите од Балканот, а навредите да се остават во минатото“.

Јас сум навикнат на омаловажување, цел живот ми е така проследен, но некако па секогаш на крај победувам. Ќе видиме како ќе биде во овој случај. Сакам ние како балкански држави да ги следиме балтичките, скандинавските држави со изградени мостови здружено да настапуваме пред евроспки и светски пазари заедно да градиме добрососедска политика. Со омаловажување и навреди не одиме никаде, јас мислам дека ваквиот тип на функционирање треба да е минато, сега треба да разговараме за развој, за мостови, да ги поврзуваме луѓето. Тие треба да ги преиспитаат своите изјави но кој сум јас да им солам памет. Жалам што гледаат промена во политиката, но поминаа времињата на политичари со свиткана кична кои себе се понижуваат, кои се подготвени се да потпишат само не да го заштитат идентитетот, а од друга страна мафтаат со европското знаме и ја ограбуваат државата. Мора да се навикнат на други политичатри кои работат за доброто на татковината и подготвени сме да градиме добрососедски односи, им порача Мицкоски на Радев и Мицотакис.

Поданичката политика на СДСМ и ДУИ направи проблеми и во Албанија – коментира Мицкоски за последните случувања со бугарската пропаганда кај западниот сосед и пописните резултати. Па се поставува прашањето, ако има толку попишани Бугари во Албанија, дали можеби услов за Албанија во напредокот кон ЕУ, исто така ќе биде внесувањето на тоа малцинство во уставот, како што тоа важи за нас, како обврска која ја презема неговиот претходник Димитар Ковачевски со прифаќањето на францускиот предлог.

Тие само го користат просторот кој го остави претходниот состав на СДСМ и ДУИ. ГИ читам оние комични соопштенија и не можам да се изначудам, ние како држава треба да се грижиме за нашинците од другите страни на границата, но и низ светот секаде. Жалам за тоа што се случува но виновникот има име и презиме, СДСМ и ДУИ, бугарската страна со пропаганадата го користи празниот простор што овие го оставија, сега нема да има празен простор и нема да го оставиме никаде во светот, многу наскоро јас би сакал да ги посетам Македонците во Албанија, да поразговарам да ја вратам довербата во коренот во македонската антропологија, во македонскиот јаик и идентитетот кои тие гордо го чуваат и јас сум горд шо имаме такви браќа и сестри и ние како држава ќе сториме се да ги заштитиме нивните вековни домови и идентитет. Жалам што оставија простор за пропаганда но јас би рекол дека таа асимилаторска политика кај нашиот источен сосед не е само кон нас, туку и кај голем дел од останатите во Албанија, треба посериозно да се анализиа, се поставува прашањето дека аки има три пати повеќе граѓани кои се декларираат како дел од бугарската зааедница, дали Бугарија ќе постави услов и тие да бидат дел од преамбулата во албанскиот устав. Не ја сфаќам логиката за нас да важи тоа правило, а за таму не – порача премиерот.

Соработка, размена на искуства, градење  мостови помеѓу граѓаните, отворање пат за заеднички економски развој – ова се клучните постулати за градење на добри односи со соседите, но само доколку се исклучат пропагандите и политиката на асимилација од бугарска страна, и омаловажувањата и навредите од грчката страна.

Според пораката која Мицкоски ја испрати до челниците на Бугарија и Грција – тие ќе треба да се одвикнат од политичари со свиткана кичма.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )