Мицкоски: Директорот на заводот за статистика се заканува дека ќе тужи и ќе носел во затвор, во кој друга држава вака се лаже народот

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во „Неделен Брифинг“. Таму говореше за актуелни теми меѓу која и пописот. Туку посочи дека не е во ред директор на ДЗС да се заканува на граѓани ако не се попишат дека им следува казна затвор од неколку години.

-Директорот на ДЗС вели ако не се попишете, ќе ве казнуваме и ќе ве праќаме во затвор, ама не само вас, туку и тие кои што ве мотивирале тоа да го направите. Значи директорот се поставува себеси во функција на тужител, обвинител и судија, веќе ги осудил луѓево, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека ако тоа не е политизација, тогаш што би било политизација. А, токму ова меѓу граѓаните создава недоверба околу самиот процес на попишување.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста