Мицкоски: Да бев Заев ќе ги прекинев преговорите со Бугарија; Заев: Бугарите ни се браќа, а сакаат да се татковци

И покрај ветото, навредите и нерационалните барања од страна на Бугарија, премиерот Заев е убеден дека мора да се продолжат преговорите со Софија, лидерот на опозицијата Мицкоски пак, вели, доста е понижување, да бев јас на власт ќе ги прекинев преговорите, овој народ има црвени линии и достоинство.

Ваквите барања за мене се неприфатливи и апсолутно би ги напуштил преговорите и би го напуштил самиот договор, затоа што ваков каков што е не нуди решение туку создава дополнителни проблеми…Ние постојано губиме и ништо не добиваме, еве нека си го постави некој прашањето 4 години што добивме ние , прашува Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев пак упорен, иако Софија инсистира да прифатиме нешто што не е точно, дека сме настанале како народ после 45 година, премиерот вели разговорите ќе продолжат и идната година. За премиерот важно било каква историја пишуваме денес, дали идните генерации ќе ги помнат како луѓе кои успеале или не успеале да го решат спорот. Сепак Заев вели со источниот сосед сме сакале да бидеме браќа, а тие се сакале да се татковци.

Јас многу често сум употребувал наратив заради искрената потреба да имаме одлична соработка, добро пријателство и се..Дека ние сме браќа треба да градиме пријателство, но наеднаш решија татковци да ни станат и тука е проблемот. Обидувајќи се да градите братство, да станете браќа, наеднаш решија нашите пријатели да ни станат татко, а тоа не е така, вели премиерот Заев.

На ваквата изјава, реагираше Мицкоски.  Вели Заев не го разбирал семејното стебло: што значи родител, а што значи брат.

Ниту родител, ниту брат можеме да бидеме со нив, туку нешто сосема друго. Затоа што сме различни , ние можеме ако потекнуваме од исти родители да бидеме двајца браќа или брат и сестра или две сестри, но ние со нив не можеме да бидеме браќа од проста причина што сме анторополошки различни, вели Заев.

Мицкоски рече дека пријателството на Заев што го гради со Бугарија не довело во ситуација да се откажеме од се, а  возврат да не добиеме ништо.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста