Мицкоски: Бриселски притисок врз Софија е решение, ако ВМРО-ДПМНЕ ја водеше владата патот кон ЕУ ќе беше поуспешен

Жесток притисок е неопходен од Брисел врз Бугарија заради хегемонистичкиот и неразумен однос на Софија кон Македонија, за да се одблокира европскиот пат – смета лидерот на ВМРО ДПМНЕ. Мицкоски во денешното интервју за Нетпрес нагласува дека ЕУ е на потег, оти ако таа притисне земјава ќе добие шанса да покаже дека вреди да биде дел од европското семејство- бидејќи нашите достигнувања како држава, уште пред 10-тици години се поголеми отколку многу земји во регионот. Но судејќи според европските чекори нема искрено расположение за проширување на ЕУ кон Западен Балкан.

Доколку постоеше, мислам дека ќе ја притиснеа Бугарија и ќе дозволеа да има датум за меѓувладина конференција, односно да се случи таа меѓувладина во октомври. Мислам дека во овој момент евроскептицизмот, некако се поставува како еден вид кочница и бариера за да се даде дополнителен притисок за да може ова да се случи, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски.

Мицкоски самоуверено нагласува дека сепак евроинтегративниот пат на Македонија ќе беше поуспешен ако Владата ја водеше ВМРО ДПМНЕ.

Ако се споредуваат капацитетите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, тогаш далеку, далеку се поголеми на ВМРО-ДПМНЕ од оние кои ги поседува СДСМ. Така што, би рекол, дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ може многу брзо да го изоди овој пат. Не го зборувам ова субјективно, туку силно верувам во тоа што го зборувам, посочи лидерот на опозицијата.

Во интервјуто Мицкоски се осврна и на никогаш нереализираните правосудни реформи, посочувајќи ја како пример Академијата за обвинители, која ја води Наташа Габер- поранешен уставен судија предложена од СДСМ.

И Наташа Габер филтрира и одлучува кои судии натаму ќе му бидат предложени на советот на судии. Советот на судии го сочинуваат судии коишто се жестоко притиснати од страна на СДСМ и каде што главен збор го имаат двата предлога на Стево Пендаровски од коишто едниот предлог знаете на социјалните медиуми го има како вее знамиња на СДСМ по митинзите, вели Мицкоски.

На крајот од интервјуто Мицкоски ја оценува предложената образовна реформа од Царовска како првично катастрофална, порачувајќи дека наскоро ќе излезат со детална анализа.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста