Мицкоски: Бараме интервентен откуп и 10 милиони евра за лозарите, Заев да го исполни она што го ветуваше во 2016 година

Бараме од Заев интервентен откуп и 10 милиони евра за лозарите, да го исполни она што го ветуваше во 2016 година!, пишува на својот Фејсбук профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Денеска во Собранието на Република Македонија се оддржа јавна расправа во врска со состојбата со откупот на грозјето, по иницијатива на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Бараме од Заев интервентен откуп и 10 милиони евра за лозарите, да го исполни она што го ветуваше во 2016 година!

Потпретседателот Александар Николоски, и нашиот колектив, во кампањата зборуваа дека зелената мафија царува во Македонија и ја јаде маката на македонските земјоделци!

Тогаш беше тешко и тажно да се гледа како се откупува еден килограм краставици за пет денари.

Овие денови, уште потешко и потажно е да се гледа како се откупува еден килограм грозје за еден ипол или два денари!, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во својата објава.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/photos/a.833349540173840/1678818562293596/?type=3&theater
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста